Бијонсе ја објави првата фотографија од близначињата!

Бијонсе ја објави првата фотографија од близначињата!

Музичката ѕвезда еден месец по нивното раѓање, ги претстави своите близначиња пред светот. Бијонсе на Instagram сподели фотографија од слатките новороденчиња.

Бијонсе со близнаците

Бијонсе ги откри нивните имиња. „Сер Картер и Руми, 1 месец денес“ – напишала во описот.

Странските медиуми алудираа дека близнаците ќе се викаат Руми и Сер Картер, бидејќи славното семејството поднесе барање за заштита на тие две имиња за производи како козметика, бебешка опрема, колички,  парфеми,  детски чанти и сл.

Инаку го имаат заштитено и името на нивната 5-годишна ќерка Блу Ајви.

Бијонсе и Џеј ЗиБијонсе