Би плаќале ли за Фејсбук?

[03.02.2012 - 14:58 часот]

Со оглед на тоа што Марк Зукерберг, основачот на најголемата светска интернет мрежа Фејсбук, предложи барање за нејзино излегување на берзата, се јавија многу угледни аналитичари кои предвидоа како би можела да се развива иднината на популарниот Фејсбук.

За жал, поради тоа што ќе мораат да се задоволат и акционерите кои ќе сакаат да заработат што е можно повеќе од своите инвестиции, Фејсбук сепак би можел да се плаќа во иднина.

Земајќи во предвид дека од продажбата на акциите се предвидува заработувачка од пет милијарди долари, аналитичарот Фоад Фадахи за астралиските медиуми изјави дека инвеститорите и аналитичарите несомнено ќе го променат начинот на кој ја користиме оваа социјална мрежа.

"Рекламирањето на фејсбук ќе биде многу пообемно и со поголема инвазија. Маркетингот и сите содржини и услуги нагло ќе се развијат бидејќи инвеститорите и акционерите сакаат да заработат што е можно повеќе пари на Фејсбук.

Социјалните мрежи традиционално имаат повеќе огласи во форма на слики, но нивен проблем отсекогаш бил како повеќе да ги заинтересираат корисниците, како што тоа го прават страниците со "premium" содржината покрај вестите.

Затоа, под надзор ќе бидат матриците од тој тип".

Фејсбук Премиум

Со оглед на големиот број на луѓе кои играат игри и купуваат преку фејсбук, на корисниците би им била понудена и опција за претплата на "Facebook Premium", вели аналитичарот:

"Во просторот за огласување, би можеле да видите многу повеќе "in-app" огласи, купувања или претплати". "In-app" значи наплата во содржината на апликациите кои ги користите.

Фадахи продолжува: "Сиот тој состав ќе расте. Веќе претставува значаен дел од приходите на Фејсбук, па може да се очекува само негов пораст.

Предизвик ќе претставуваат компаниите како "Google+" кои ќе нудат слична услуга, но веројатно нема да ја наплаќаат бидејќи се послаби во просторот на социјалните мрежи.

Се додека постои конкуренција, интернет друштвената мрежа ќе остане бесплатна за корисниците".

[назад]
Радио МОФ