Бесплатна обука за 3Д артисти во Скопје

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 21.04.2017 - 16:35

Средношколци и студенти од техничките факултети во државава, на возраст од 16 до 28 години, ќе може да добијат бесплатна обука за стекнување со меѓународен Аутодеск сертификат и натпревар во 3D и Game dizajn на настанот iNovum, што ќе се одржи од 22-ри април до 4-ти мај во „Скопје сити мол


 

За изработка на филмови, реклами, видеоигри, секаде каде што е потребна визуелизација се потребни и 3Д дизајнери. На Македонија и недостигаат околу 2.000, велат познавачите. За таа цел од 22-ри април до 4-ти мај ќе има обука и сертифицирање на овој кадар. Од 21-ви до 23-ти април ќе може да се пријават сите заинтересирани од 16 до 28 години на интернет страницата inovum.mk. Меѓународен сертификат ќе добијат 400 кандидати. Oрганизаторот на настанот вели дека младите треба да научат какви можности нуди 3Д-то. Ако годинава проектот биде успешно спроведен, наредната година организаторите највуваат обука и меѓународни сертификати за поголем број кандидати.

 

МАЛКУ ЗА INOVUM

Ние сме релативно млада Невладина Организација поддржана од Министерството за Култура на Р.Македонија. Иако постоиме кратко време, сета наша енергија ја преточивме во iT Novum настанот, но, ветуваме дека може да се очекува многу повеќе од нас. Сметаме дека сме млади и способни, она што не води напред е страст за ИТ науките, љубопитност за нешто ново и желба да го преточиме нашето скромно знаење со секој што има желба да се посвети на оваа област. Знаејќи во какво општесто живееме, гледајќи како младите секој ден се потешко и потешко наоѓаат работа во полето во кое се образовале,се надеваме дека со нашата работа ќе ги усмериме кон една од најперспективните струки како во Р. Македонија така и во странство. За да го изведеме ова на најдобар можен начин соработуваме со младите колеги од Академијата за 3Д моделирање М3ДС. Академијата изобилува со стручен кадар, повеќето од нив своето знање го имаат стекнато во стручни училишта во странство. Стефан Митров,главниот инструктор на Академијата, воедно е, и најмлад сертификуван инструктор за AUTO DESK во светот.