Белград се најде на листата „52 места што треба да се посетат во 2018 година“

Белград се најде на листата „52 места што треба да се посетат во 2018 година“

Реномираниот американски весник The New York Times објави листа наречена „52 места што треба да се посетат во 2018 година”. И град од Србија се најде на таа листа.

Туристичките дестинации од целиот свет се претставени на веб-страницата на листата со некои од нивните впечатливи карактеристики, односно кратка анимација и коментар.

Белград, меѓу градовите, местата и државите како што се Њу Орлеанс, Базиликата, Бутан, Мексико, Севилја, Осло, Сао Томе и Принсипи, Фиџи … го освои 32-то место.

Прилог од белградскиот ноќен живот следи коментар:

“Европски град на забава, жив како што секогаш беше!”.

Комплетна листа може да ја погледнете на страната на The New York Times