Бела Хадид збесна и ја избриша Селена Гомез од Инстаграм!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 12.01.2017 - 12:09

Откако во јавноста излегоа папараци-фотките од страсните бакнежи помеѓу Тhe Weeknd и Селена Гомез многу луѓе се израдуваа на новиот пар, но бившата девојка на Тhe Weeknd, манекенката Бела Хадид, не е една од нив.

Бела од вчера повеќе не ја следи Селена на Инстаграм, со што јасно го покажа својот став во врска со новиот пар. Интересно е што и двете припаѓаат на заедничко друштво, па средбата би била неизбежна, а и интересна. :)

Лутината на Бела може да се должи на фактот што таа сеуште го нема преболено Тhe Weeknd и два месеци по раскинот, сеуште не ја поврзуваат со никого. Информациите велат дека на летот кон Париз пред ревијата на "Victoria's Secret" Бела била забележана како гледа во нејзините заеднички слики со бившиот Тhe Weeknd.

Селена си доби ново момче и нова непријателка, па останува да видиме како ќе го изигра сево ова. :)