Бела Хадид кажа зошто плачела на две ревии на NYFW

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 16.02.2017 - 13:52

Бела Хадид има навистина одлична сезона зад себе - таа се појави на скоро секоја поголема ревија и рекламна кампања, но и покрај нејзините огромни достигнувања, таа вели дека не дозволува славата да и удри во глава.

Имено, манекенката имала емотивен момент на Модната недела во Њујорк, кога прошетала на пистата за двајца дизајнери, па не можела да ги сокрие солзите.

Првиот момент била ревијата на Прабал Гарунг во неделата, каде жените послужија како трибјут за феминизмот. Моделите маршираа во маички со моќни политички слогани, како "Иднината е женска" (која ја носеше Хадид), "Јас сум имигрантка" и "Ова е како изгледаат феминистките" (носена од самиот дизајнер).

"Излегов на пистата и токму пред крајот, кога Прабел требаше и самиот да излезе, го видов како се насолзува и едноставно почнав да плачам бидејќи беше толку прекрасно и емотивно шоу. Сите во публиката плачеа на крајот. Ова беше навистина моќно шоу и јас сум многу горда на него", изјави Бела.

Наредниот ден, Бела имаше уште еден значаен момент, кога го затвори шоуто на Оскар де ла Рента, а таа откри дека и ова било многу емотивно шоу за неа.

"Мислам, буквално повторно се расплакав! Не знам дали е ова само една емотивна недела, но шоуто беше навистина значајно за мене. Ова е еден така исконски бренд и отсекогаш им се восхитував. Плачев и кога ја добив работата на шоуто, но кога слушнав дека ќе биде самото затворање, останав без зборови", вели таа.