Бела Хадид без градник, во проѕирна маица прошета низ Њујорк

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 13.07.2016 - 14:35

Манекенката Бела Хадид покажа вистинска стилска смелост кога прошета низ улиците на Њујорк облечена во проѕирна маица без градник.

19 годишната сестра на Џиџи Хадид покажа малку повеќе додека се шеташе по улицата, иако е нејасно дали ова беше намерно или не.

Таа го надополни својот изглед со тесни панталони со врвки од страните, како и џемпер околу рамената за да се погрижи да не и стане ладно.

Сепак, таа се покри со џемперот пред да се сретне со својата мајка Јоланда, која исто така изгледаше фантастично во белата комбинација.