Бејл посочи која е клучната разлика во квалитетот

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 07.03.2017 - 13:58

Герет Бејл во своите последни сезони како член на Тотенхем важеше и за еден од најдобрите играчи во Премиер лигата, па иако неговата аклиматизација во Шпанија одеше малку потешко од очекувањата, Велшанецот сега мирно може да кажеме дека е потполно привикнат на предизвиците кои ги носи шпанската Примера.

Трофејот во Ла Лига е единствениот кој му недостасува на клупски план откако е член на Реал Мадрид, но и покрај тоа, Бејл смета дека многу потешка за освојување е титулата во Премиер лигата, отколку онаа во Шпанија.

Во своето последно интервју за „ЕСПН“, Бејл говореше токму на оваа комплексна тема, а ја избра Премиер лигата како најтешко натпреварување поради тоа што сите 20 екипи се најблиску до квалитетот за разлика од другите силни првенства ширум Европа.

– На секој натпревар во Премиер лигата едноставно мораш да го дадеш својот максимум. Мораш да биде максимално посветен во текот на сите 90 минути, инаку ќе го загубиш мечот. Во Шпанија на пример, можеш да имаш комотно водство на полувремето и потоа да намалиш на педалата за гас во вториот дел. Во Англија тоа не се случува. Ако играш само 45 минути, во Премиер лигата не можеш да победиш. Ако ги земеме во предвид сите 20 тима од првиот до последниот, Премиер лигата е најтешка. Последниот може да го победи првиот, во Шпанија тоа е вистинска реткост, – истакнал Бејл.