Барселона огорчена заради суспендирањето на Меси

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 29.03.2017 - 13:46

Барселона ја критикуваше одлуката на ФИФА за одлуката да го суспендира Меси на четири утакмици.

Каталонците сметаат дека казната за нивниот најдобар фудбалер е превисока. Лионел Меси ја доби таа казна затоа што го пцуеше судијата на натпреварот против Чиле минатиот петок.

Меси не играше против Боливија, а нема ни да игра против Уругвај, Венецуела и Перу. Тој ќе почне со играње во последното коло на квалификациите против Еквадор на 10ти октомври.