Барселона обезбеди пласман во финале

Барселона обезбеди пласман во финале

Барселона со 0:2 синоќа славеше на гостувањето кај Валенсија во вториот натпревар од полуфиналето на Купот на Шпанија, со што со вкупни 3:0 обезбеди пласман во финалето.

Фелипе Кутињо го постигна својот прв гол за Каталонците на синоќешниот натпревар, а вториот гол го даде Хрватот Иван Ракитиќ.

Во Финалето од шпанскиот Куп, Барселона ќе игра со Севиља.