Барселона ги повика Шапекоенсе да одиграат пријателски натпревар

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 08.12.2016 - 21:12

Каталонскиот фудбалски тим на Барселона го повика бразилскиот клуб Шапекоенсе да одиграат пријателски натпревар идното лето.

Вкупно 19 играчи и членови од стручниот штаб на овој клуб починаа кога падна авионот во Колумбија, каде загинаа 71 човек. Тогаш фудбалерите одеа кон финалето на Копа Судамерикана, што претставуваше огромен успех за овој мал клуб.

Натпреварот со Барса би се одиграл за трофејот Хоан Гампер, за кој Барселона секоја година игра против поканет клуб.

Во соопштението од Барселона изјавија дека со ова сакаат да оддадат почит за загинатите во авионската несреќа, како и да му помогнат на клубот да "заздрави" после големата загуба.

Три играчи од овој клуб успеаја да ја преживеат несреќата која ја преживеаја вкупно шест личности.

Барселона денес испрати и официјална покана за учество на турнирот до моменталните членови на раководството на Шапекоенсе.