Барса сака да го врати Алкантара, Баерн побара вртоглава сума!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 27.03.2017 - 14:59

Медиумите во Шпанија, пренесуваат дека Барселона сака да го врати својот некогашен играч Тиаго Алкантара, но Баерн поставил „невозможни“ услови.

Барса веќе остварила контакт со Баерн Минхен, но лидерите на германскиот шампион им соопштиле дека Тиаго Алкантара може да замине само за 90 милиони евра, свесни дека оваа сума Барса никогаш нема да ја плати за играч кој потекнува од нивната младинска школа. Алкантара во 2013 година си замина од Барселона во потрага по поголема минутажа и тоа „само“ за 25 милиони евра. Гвардиола тогаш ја искористи откупната клаузула во неговиот договор и во Минхен донесе одличен фудбалер за мала сума. Каталонците одамна сфатија колкава грешка направија и сега го сакаат назад, но се чини дека до такво нешто нема да дојде, особено поради фактот што Баварците во Алкантара гледаат играч околу кого ќе го градат тимот во иднина.