Барак Обама го даде завршниот говор како претседател!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 11.01.2017 - 14:49

По осум години поминати во Белата Куќа, Барак Обама вчера конечно го даде својот завршен говор со што му го отстапи местото на новиот претседател на САД, Доналд Трамп.

Инспиративниот говор на Обама се фокусираше на неговото семејство, на кое тој му изрази бескрајна благодарност за целата љубов и поддршка: "Мишел ЛаВон Робинсон, ти си девојката од југот која изминативе 25 години не беше само моја сопруга и мајка на нашите деца, туку и мој најдобар другар", ѝ рече Барак на својата сопруга.

Обама се заблагодари на целата јавност и додаде дека сепак покрај се', најважната работа што некогаш ја имал и ќе ја има е да биде татко: "Малиа и Саша, под најнеобичните околности вие пораснавте во две прекрасни жени. Паметни сте и убави, но што е уште поважно, имате добри срца и полни сте со страст за животот. Од се' што сум постигнал, најгорд сум што сум ви татко", им се обрати Барак на своите ќерки.

Навистина, крај на една ера. :)