Бараат Пирло да биде исфрлен од „Куќата на славни“ на Милан

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 14.03.2017 - 20:24

Андреа Пирло освои важни трофеи во дресот на Милан, но европскиот дел од кариерата го заврши во големиот ривал Јувентус и тоа само поради фактот што „росонерите“ прерано се откажаа од неговите услуги.

Во моментов Италијанецот настапува во Њујорк Сити, а со својата последна изјава ги налути фановите на Милан, до таа мера што дел од нив започнаа иницијатива да биде отстранет од „Куќата на славни“ на „црвено-црните“ од Милано. Спорната изјава е поврзана со контроверзниот пенал кој му донесе победа на Јувентус против Милан во петокот, а кој за Пирло не е спорен. – Пеналот е досуден и тоа не може да се промени. Не верувам дека судиите сакаа да му наштетат на Милан, едноставно имаше играње со рака. Се работи за дискрециска одлука на судијата, следниот ден имаше такво играње со рака на натпревар на Барселона, па судијата не досуди ништо. Како фудбалер, разбирам дека е тешко кога ќе ви биде досуден пенал во 95. минута, но дефинитивно имаше играње со рака, – изјавил Пирло чија изјава воопшто не им се допадна на фановите на Милан кои се убедени дека се оштетени во оваа ситуација. Пирло има 284 настапи за Милан и еден од 44 членови на „Куќата на славни“ на италијанскиот клуб.