Бар Рафаели мајка по втор пат

Бар Рафаели мајка по втор пат

Манекената Бар Рафаели го роди и второто дете.

Таа и нејзиниот сопруг Ади Езра добија ќерка на која и го дадоја името Ели.

Срцата ни се полни со љубов и возбудена сум што можам да објавам дека сега сум мајка на две деца. Ели, сестрата на Лив, дојде на свет во петокот, во 20:50 часот, а тешка е три килограми. Сите сме среќни, здрави и со нетрпение чекаме да почнеме ново поглавје во нашите животи. – изјави убавицата за јавноста.

Бар во март оваа година објави дека е бремена, а од неодамна ги воодушеви фановите со тоа што објави две фотографии кои се сликани на исто место, во истата недела од бременоста, само што една е направена во 2016 година, во текот на првата бременост, а втората сега, во текот на втората бременост.

Same week, same dress, same place. Different year. ✨

A post shared by Bar Refaeli (@barrefaeli) on