Бандерас ќе го игра Пикасо

[20.02.2012 - 20:42 часот]

Во новиот биографски филм "33 дена" кој ќе го следи животот на легендарниот Пабло Пикасо, главната улога ќе ја игра Антонио Бандерас.

Филмот го следи животот на познатиот уметник во текот на 33 дена од создавањето на неговото најпознато дело, маестралната "Герника" која денес беше изложена во музејот "Реина Софиа" во Mадрид.
 
Филмот нема да се фокусира само на креативниот процес на создавање на Пикасо, туку и на комплицираната љубовна приказна помеѓу него и неговата голема љубов, францускиот уметник Дора Мар.

"Пикасо е лик кој ме прогонува веќе долго време и досега секогаш сум одбивал да го играм. Го заслужува сето мое внимание.

Роден сум неколку улици подалеку од местото каде што е роден тој, а ме потсетува на мене: ги надминува пречките, како многу млад си отишол од Малага.

Неодамна ја имав таа среќа сосема случајно да ја запознаам неговата ќерка и таа ми откри дека Пикасо всушност никогаш не ја напуштил идејата да се врати во Малага", изјавува Бандерас.

Сценариото на филмот го пишуваат Карлос Саура, Елијас Керехета и францускиот писател Луис-Чарлс Сиржак.

Саура ќе биде задолжен и за режија, а филмот ќе се снима ова лето во Париз и Герника.

[назад]
Радио МОФ