Балканска убавица со успешна светска кариера!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 15.12.2016 - 21:35

Мери Гулин е девојка која е родена на 18-ти март, 1992 година во Зеница, а своето детство го поминала во Шведска, каде живее и денес.

Таа е успешна моделка и манекенка, која досега има богата кариера и соработка со едни од најголемите модни куќи.

Мери ја започнала својата кариера кога имала 19 години, а досега има работено во Берлин, Париз, Лондон, Милано, Кина, Мексико, Њујорк, Калифорнија и Либан.

Нејзините корени се мешавина од Босна и Херцеговина и Хрватска, а зошто е толку популарна ќе сфатите од нејзините фотографии на кои се гледа нејзината совршена фигура и ангелското лице.