Авторите на Game of Thrones на нова задача во Star Wars

Авторите на Game of Thrones на нова задача во Star Wars

Креаторите на серијата Game of Thrones Дејвид Бениоф и Д.Б. Вајс добија зелено светло за да пишуваат и да продуцираат цела нова серија филмови на Star Wars.

Новата серија ќе биде „целосно одделена од сагата Скајвокер и од неодамна објавената, трилогија, на која работел Рајан Џонсон”, беше цитирано во соопштението на официјалната страница на познатата филмска франшиза.

„Дејвид и Дан се меѓу најдобрите филмски раскажувачи на денешницата. Нивните сложени ликови, длабочината на приказната и богатството на митологијата ќе отвори ново поглавје и ќе ги поттикнат Star Wars во многу возбудлива насока”, рече претседателот Лукасфилм Кетлин Кенеди.

Бениоф и Вајс велат дека се почестени со понудената можност, но исто така се преплашени од големата одговорност што се наоѓа пред нас. Тој не ја крие возбудата на новата задача, на која ќе се посвети штом ќе заврши последната сезона на Game of Thrones.