Автомобилот на Стивен Тајлер продаден за 800.000 долари

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 02.02.2017 - 19:02

Автомобилот Hennessey Venom GT Spyder, кој му припаѓал на фронтменот на групата "Aerosmith", Стивен Тајлер, беше продаден на аукција за неверојатни 800.000 долари.

Станува збор за еден од најбрзите автомобили во светот, а во пакет со автомобилот новиот купувач стана сопственик и на гитара со автограми од членовите на популарната група.

Парите биле собрани за хуманитарни цели, од страна на организација која има помага на злоупотребените девојчиња.

Автомобилот кој е произведен во 2013 година се движи на 7,0-литарски V8 битурбо мотор, кој развива импресивни 1.200 КС и 1.565 Nm обртен момент. Се управува со 7-степен мануелен менувач, а од 0 до 100 km/h забрзува за 2,7 секунди. Максималната брзина изнесува неверојатни 434 km/h.

Внатрешноста е пресоблечена во црна кожа украсена со црвен конец. Автомобилот поседува JL аудио систем, кој нуди импресивен звук, па новиот купувач ќе може да ужива во музиката на Стивен Тајлер додека го вози неговиот скапоцен автомобил.