Audi ќе го претстави освежениот модел RS3 Sportback

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 10.02.2017 - 19:30

На Саемот на автомобили во Женева ќе имаме можност да го видиме освежениот модел RS3 Sportback на Audi, кој е подеднакво силен како и седанот.

Audi RS3 Sedan беше претставен во септември на Саемот за автомобили во Париз, а се движи на силен 5-цилиндричен мотор кој испорачува дури 400 КС.

Сега, компанијата реши да ја освежи својата понуда и со RS3 Sportback кој доби нов мотор, па сега располага со 2,5-литарски TFSI мотор кој испорачува 400 КС и 480 Nm обртен момент, а силата се пренесува преку 7-степен dual-clutch менувач. Од 0 до 100 km/h пристигнува за 4,1 секунда, а максималната брзина е електронски ограничена на 250 km/h.

Баш како и другите RS модели, освежениот RS3 Sportback доаѓа со Quattro погон на сите четири тркала. Автомобилот има 19-инчни тркала.

Автомобилот официјално ќе биде претставен во Женева, а продажбата ќе започне во април. Во Германија цената ќе изнесува 54.600 евра, додека седанот чини 55.900 евра.