Ауди ќе ни претстави „продолжена верзија“ на моделот Q2

Ауди ќе ни претстави „продолжена верзија“ на моделот Q2

Германскиот производител наскоро ќе претстави продолжена верзија на најмалиот кросовер во својата гама – моделот Q2.

Од Ауди најавија дека во текот на оваа година инжинерите на компанијата ќе се обидат да направат продолжена верзија на најмалиот кросовер Q2. Меѓуосовинското растојание на „продолжениот“ Q2 ќе биде зголемено од 260 на 265 сантиметри, а моделот најпрвин ексклузивно ќе биде понуден на кинескиот пазар, за потоа да се најде и во продажните салони во остатокот од светот.

Новиот модел исто така ќе остане и без стандардниот мотор со внатрешно согорување и ќе добие целосно електричен погон.

Се шпекулира дека новиот модел на најмалиот кросовер на Ауди ќе го носи името Q2 L E-Tron, а наводно од компанијата на своите инжинери им поставиле цел моторот на овој автомобил да има автономија од најмалку 500 километри со едно полнење на батериите.