Audi e-tron Sportback врв на електрична мобилност

Audi e-tron Sportback врв на електрична мобилност

Audi e-tron Sportback е концепт, симбиоза на електрична мобилност и секојдневна удобност. Моделот е комбинација на спортско возење, со забрзување од 0 до 100 km / h за 4,5 секунди и моќност од 320 kW и голема удобност со опсег до 500 километри.

Дизајниран за секојдневна употреба, но и многу повеќе од тоа. Целосно новиот e-tron со quattro погон моќта ја пренесува директно на асфалтот. Огромниот вртежен момент на електричниот мотор нуди совршено возачко искуство. Нов quattro погон е претставен преку новиот концепт Audi e-tron Sportback со кој работи во совршена хармонија. Визијата e-tron е повеќе од фасцинација. Концептот Audi e-tron Sportback е волшебно електрично возило со исклучителни спортски линии, големи површини и прави линии во задниот дел. Светлосниот сноп, типичен за Audi, и виртуелните ретровизори се само дел од деталите кои се истакнуваат. Неговата појава е моќна и елегантна. Во внатрешноста нова прозрачна боја ги потенцира возбудливите контури.