Арсенал признава дека во минатото згрешиле во врска со Хари Кејн

Арсенал признава дека во минатото згрешиле во врска со Хари Кејн

Хари Кејн во моментов е сигурно еден од најперспективните деветки кои можат да се најдат во Европа и е на цена во Европа.

Според повеќе анализи од фудбалски работници, Кејн во моментов вреди преку 150 милиони евра, цена која без проблем би ја платиле неколку европски гиганти.

Меѓу нив е сигурно Реал, кој планира да го продава Бензема на лето, па за таа намена нема да штеди пари за да го донесе планираното засилување на најистурената позиција.

Сега од Арсенал признаваат дека во минатото згрешиле со Кејн во проценката, но најмногу поради тоа што сметале дека Кејн е дебел и дека нема потенцијал.

За жал, да, згрешивме со Хари. Тој беше малку полничок за да биде фудбалер, не беше доволно атлетски граден, но погрешивме. Но и Тотенхем го праќаше неколкупати на позајмица, но Хари имаше своја одлучност да се докаже и да стане играч, па денеска потполно го заслужува статусот кој го има – открива Лиам Брејди, еден од шефовите на академијата на Арсенал во периодот од 1996 до 2013 година.