Арсен Венгер ќе даде се за да остане во Арсенал!

Арсен Венгер ќе даде се за да остане во Арсенал!

Тренерот на лондонски Арсенал, Арсен Венгер нема намера да се повлече од тренерската позиција на „Емирати“.

Долгогодишниот тренер на англискиот клуб во мај го продолжи договорот со „Топчиите“, па до истекот на договорот ќе има 70 години. Сепак, и покрај тоа, Венгер сака да остане дел од проектот кој што го започна одамна.

„Можеби еден ден ќе го направам тоа и ќе го напуштам Арсенал, но јас секој ден од мојот живот сакам да бидам дел од ова. Вистински тест е секојдневно да се управува со клубот, но еден ден можеби нема да бидам во физичка можност да го правам тоа“, изјави Арсен Венгер и додаде:

„Секако, ќе бидам во искушение затоа што мојот живот е поврзан со фудбалот и во зависност од моето здравје, сакам секогаш да бидам дел од ова, можеби како директор, менаџер или во било која друга функција. Колку што ќе биде можно, јас ќе настојувам да останам“, изјави Арсен Венгер.