Apple за новиот iPhone нарача 70милиони дисплеи од Samsung

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 06.04.2017 - 23:17

Компанијата Apple од Samsung нарача 70милиони заоблени OLED дисплеи кои ќе ги користат за изградба на новиот iPhone, a Samsung е спремен да произведе дури 95милиони десплееви само за потребите на Apple.


Никеј Азијан кој вчера го објави извештајот за набавка на заоблени екрани, повикувачќи се на блиските извори на ланецот на снабдувачи на Apple, изјави дека нема други дополнителни информации за нарачката, но со сигурност потврди дека новиот iPhone ќе има заоблен дисплеј.

Најверојатно аpple оваа есен ќе лансира три нови модели на iPhone, два со нормален LCD дисплеј и премиум верзија која ќе има заоблен OLED дисплеј.

Двата нови iPhone со LCD дисплеј ќе бидат со 4.7 до 5.5 инчи, додека премиум верзијата ќе биде со 5.2 инча OLED дисплеј.

Останати карактеристики на новиод мобилен може да бидат бежично полнење, враќање на стаклено куќиште и сензор за препознавање на лица.

Компанијата предвидува добра продажба на своите нови уреди кои ќе бидат поскапи од иначе.