Apple и Samsung сеуште немаат одговор на новиот модел на Huawei

Apple и Samsung сеуште немаат одговор на новиот модел на Huawei

Кон крајот на март го очекуваме претставувањето на новата генерација на телефонот на Huawei од генерацијата “P”, а еден модел би требало да има и три камери на задната страна.

Речиси сите го чекаат 25-ти февруари кога Samsung во Барселона ќе ги претстави новите Galaxy S9 и S9 Plus, но набрзо потоа, светската јавност ќе го насочи вниманието кон кинески Huawei од каде што се подготвуваат за претставувањето на телефоните од новата генерација “P”.

После одличните P10 и P10 Plus, следната генерација би требало да го носи називот P20, а не P11, со што од кинеската компанија сакаат да ги нагласат големите новитети и напредокот кој што го подготвуваат кај новите генерации на нивните паметни телефони.

Huawei P20 би требало да биде првиот телефон на светот кој што ќе пристигне со три камери на задната страна со вкупна резолуција од 40 мегапиксели и петкратен хибриден зум (оптички и дигитален), додека на предната страна ќе биде сместена селфи камера со 24 мегапиксели.

Како и во претходните случаи, сите камери ќе бидат произведени во соработка со познатата компанија Leica, што според многумина, тоа најмногу ќе го гарантира квалитетот на камерите кај телефоните на Huawei.

Моделот Plus ќе има дијагонала на екран од 6-инчи, ќе работи на Kirin 970 процесор и оперативниот систем на Google – Android 8.1 Oreo.

Благодарение на одличните телефони, кинески Huawei во изминатите неколку години се искачи на третото место на пазарот со паметни телефони, но плановите на оваа компанија се многу поголеми, затоа што планираат во иднина да ги престигнат и Apple и Samsung и да станат најголемата компанија на мобилниот пазар во светот.

Токму во остварувањето на тој план треба да им помогнат новите телефони од “P” генерацијата, па наскоро можеме да очекуваме претставување на три модели – P20, P20 Plus и P20 Lite, а засега не е познато дали и P20, P20 Plus ќе имаат три камери на задната страна од телефонот, или пак таа опција ќе биде резервирана само за најголемиот телефон на Huawei.