Apple најави нови емотикони до крајот на годината

Apple најави нови емотикони до крајот на годината

Доколку ви станаа досадни досегашните емотикони, не се секирајте – Apple објави новитети и на ова поле.

Серијата на нови емотикони стига на сите iPhone, iPad, Mac и други уреди оваа година.

Меѓу новите емотикони се наоѓа жена со марама, забраден маж, но и жена која дои.

Новите смајли ги креирала непрофитна група Unicode Consortium, кои ја сочинуваат волонтери од технолошки компании кои заеднички одлучуваат кој ќе влезе во потесниот круг.