„Apple“ ќе го купи „Shazam“

„Apple“ ќе го купи „Shazam“

Американските специјализирани онлајн портали објавија дека американскиот гигант „Apple“ се подготвува да ја купи мобилната апликација „Shazam“ за рингтонови и слики и на тој начин да стане најголемиот конкурент на стриминг услугата „Spotify“. 

Според медиумските извори, договорот ќе биде финализиран до крајот на оваа недела и ќе биде официјално објавен во понеделник, на 11-ти декември.

Сепак, нејзината вредност се уште е во прашање. Еден извор вели дека договорот ќе биде потпишан за 400 милиони долари. Други, пак, истакнуваат дека апликацијата во моментов се проценува на повеќе од една милијарда долари, што е помалку веројатно дека „Shazam“ ќе биде склон да ја намали својата цена.

Во моментов, „Apple“ одби да коментира по ова прашање.