Apple BeatsX слушалките почнаа да се продаваат ширум светот

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 10.02.2017 - 18:55

После неколкукратни одложувања, конечно започна продажбата на слушалките BeatsX на Apple, кои можат да се купат преку онлајн продавниците на оваа компанија по цена од 149,95 долари.

Овие слушалки се безжични, баш како и Apple AirPods слушалките кои беа најавени со најновиот iPhone телефон, а со другите уреди воспоставуваат врска преку "Bluetooth".

Главната разлика меѓу овие слушалки и AirPods е тоа што првиве имаат и кабел со далечински управувач кој се става околу вратот. Поради кабелот слушалките потешко паѓаат, а посебно е ефикасен при физички активности.

BeatsX слушалките поседуваат оптимизирана изолација на бучава, батерија во траење од осум часа, како и "Fast Fuel" технологија за брзо полнење. Исто така, имаат и поддршка за Siri, а можете да ги купите во бела, сива, сина и црна боја.