Апликации кои се најпопуларни меѓу сајбер криминалците

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 04.05.2017 - 11:12

Анализата на компанијата FlashPoint, која ги следеше случувањата на 'Deep & Dark web' во периодот од 2012 до 2016 година, може да предизвика чудење поради начинот на комуникација меѓу сајбер криминалците.


Извештајот е составен според анализите на интернет 'подземјето' меѓу руските, шпанските, француските, арапските, кинеските и американските криминалци.

Кога е во прашање комуникацијата меѓу нив, сајбер криминалците ги користеле следните апликациите: ICQ, Skype, Jabber, PGP, AOL Instant Messenger, Telegram, WeChat, WhatsApp и Kik. 

Меѓу русите најдоминантна е комуникацијата преку Skype, дури 62%. Додека кај шпанците и арапите од 2016година се повеќе се одлучуваат за ICQ и WhatsApp.