Анри си гради "љубовно гнездо"[20.02.2012 - 23:40 часот]
|
Познатиот фудбалер Анри започнал со осмислување на својот нов дом, а како што пишуваат британските медиуми, фудбалерот навистина ќе изгради необичен простор за живеење. Покрај останатото, тој во својот дом ќе вгради и аквариум висок 12 метри.
Тиери Анри (34) планира да ја сруши вилата вредна повеќе од шест милиони евра во Лондон и да изгради нова поголема градба во која ќе биде сместено сето она што на еден врвен фудбалер му е потребно за живот, забава и релаксација.
Поранешниот напаѓач на Арсенал ќе ја демолира луксузната вила изградена во 1999 година, која воедно важи и за еден од бисерите на модерната архитектура во Велика Британија.

Покрај останатото, во новиот дом на Анри ќе има и аквариум висок 12 метри, кој ќе вреди околу 250,000 евра и ќе се протега на цела една вертикала од куќата.
Во аквариумот од 20,000 литри вода ќе живеат 300 риби, чие годишно хранење ќе чини околу 2,500, а одржувањето на аквариумот на годишно ниво ќе изнесува околу 12,000 евра.
Покрај огромниот аквариум, францускиот репрезентативец ќе има и бар, кино и базен, како и голем светилник. Цената на куќата по реновирањето ќе изнесува околу 10 милиони евра.
Во својот нов дом Анри ќе живее и босанската манекенка Андреа Рајачич со која тој е во врска веќе подолго време.
| [назад] |















