Ангелот Кендис со месеци ја криеше бременоста

Ангелот Кендис со месеци ја криеше бременоста

Ангелот на Victoria’s Secret, Кендис Свонпул, до неодамна ја криеше нејзината бременост. Сега гордо го покажа трудничкото стомаче на плажите во Бразил.

Со обзир дека пред два месеца дефилираше на ревијата Викторија Сикрет во Кина, никој не можеше да претпостави дека моделот Кендис Свонпул е бремена.

Манекенката беше забележан во друштво на супермоделот Дуцен Крос, а нејзиниот совршен изглед изненади многумина.

Иначе, Кендис и нејзиниот свршеник Херман Ноколи се заедно десет години и имаат едногодишен син.