Ангелите на Victoria’s Secret позираа на розовиот тепих

Ангелите на Victoria’s Secret позираа на розовиот тепих

Најгламурозните настани несомнено се оние во организација на брендот за долна облека, Victoria’s Secret, каде на едно место можеме да ги видиме најбараните супер модели на светот.

Розовата забава по повод првото емитување на ревијата на Victoria’s Secret од Шангај, овој пат се одржа во Њујорк. Бела Хадид, Адријана Лима, Кендис Сванепоел и преостанатите ангели позираа во секси комбинации и флертуваа со фото објективите.