Ангелите блескаа во Сент Бартс

[28.01.2012 - 11:25 часот]

"Ангелите" на "Victoria's Secret" се познати како едни од најубавите жени на светот, а три од нив покажаа зошто е тоа така додека позираа во костими за капење на плажата во Сент Бартс.

Најпрво, пред објективот на камерата застанаа Адриана Лима и Грејси Карвало, претставувајќи ги минијатурните бикини костими од најновата колекција на разбрануваната плажа додека брановите сензуално паѓаа на нивното совршено тело.

За потребите на фото-сесијата Лима (30 години) позираше во неколку модели на минијатурни бикини, вклучувајќи го и цветниот костим кој изгледаше неодоливо сензуално додека манекенката лежеше во плитката вода и ја заведуваше камерата.

Во меѓувреме, Карвало (21 година) се појави во флуоресцентно розово бикини кое одлично прилегаше на нејзината тенка фигура и се забележуваше од далечините иако манекенката влегуваше во водата.

На прекрасните Бразилки им се приклучи уште една убавица - намибиската убавица Бехати Принсло (22 години) остана на песокот за нејзиниот дел од фото-сесијата и позираше под палмово дрво.

Бехати носеше мало бикини во боја на праска, украсено со сребрени детали и во едната рака држеше сламен шешир кој го искористи за да ги комплетира заводливите пози кои ги правеше пред камерата.

Имено, иако Лима стана заштитно лице за брендот за долна облека уште од 2000-та година, Карвало и Принсло се малку понов додаток во групата на претставнички на "Victoria's Secret", но сепак триото одлично соработуваше на плажата и уште еднаш ја оправда репутацијата на брендот кој дефинитивно ги ангажира најубавите жени на планетата.

[назад]
Радио МОФ