Анџелина Џоли по разводот се врати во полна форма!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 31.01.2017 - 20:25

Една од најубавите актерки, а и воопшто една од најубавите жени во светот, Анџелина Џоли, повторно застана на нозе и се појави во јавноста по кризниот период и разводот со Бред Пит.

Анџелина беше забележана од страна на папараците во Малибу заедно со две од нејзините деца, дотерана и со голема насмевка на лицето, со што ги израдува своите обожаватели дека повторно е на нозе и во добра форма.

Очигледно дека добро закрепнува по болниот развод, а и покажа дека не ја допираат гласините за тоа дека нејзиниот поранешен сопруг веќе се гледа со актерката Кејт Хадсон!