Android владее со светот на паметните телефони

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 30.11.2016 - 20:10

Во последниот извештај од маркетинг компанијата "IDC" беа претставени уделите кои ги имаат различните оперативни системи во светот на паметните телефони.

Она што е најзначајно е процентот од пазарот кој го држат уредите со Android и iOS, односно процентот на уредите од Apple наспроти сите други производители кон крајот на 2016 година.

Според извештајот на "IDC", кој е објавен денес (30.11.2016), Android е на врвот со убедливи 85% на пазарот на паметни телефони, додека iOS располага со 14,3% од пазарот. Уредите кои го користат оперативниот систем Android забележале раст од 5,2% во однос на минатата година, додека продажбата на iPhone паднала за 11%.

Вкупно, оперативните системи на Google и Apple држат 99% од пазарот, односно 0,4% отпаѓа на Windows, додека 0,3% држат малите помалку познати оперативни системи.

Во извештајот се предвидува дека Android и iOS до 2020 година ќе имаат 100% од пазарот, а уште еден интересен податок е тоа што оваа година биле продадени дури 1 милијарда паметни телефони кои поддржуваат 4G технологија.