Andrej Micajkov - Disco Mix

Објавено: 30.12.2012 - 20:10

Андреј Мицајков. Дали треба да се каже нешто повеќе? Се разбира дека да! Годинава, Андреј направи 250 Секој Понеделник емисии на Антена5 радио на почетокот и ќе направи 298 до крајот на годинава.

Лансираше свој веб сајт (www.andrejmicajkov.com), ги помина речиси сите градови низ државата и премиерно оддржа сет на брод, беше дел од минимум 8 бек ту бек сетови, помина преку загубата на 3 и оштетата на 1 плоча, научи една кореографија и преживеа една Апокалипса.

Сосема солидно за престапна година.

На страна од професионалните клабинг и радио ангажмани, Андреј склопи диско микс за забава, за најблиските и за вежбање радост пред крајот на годината.

Се разбира, сите можете слободно да се приклучите кон оваа диско акција и да се подготвите за диско акциите кои следуваат во 2013.

Симнување овде! (150mb *.mp3)

* клик десен клик на линкот и "Save Target As" за да го симнете миксот.

За преслушување на миксовите, користете го онлајн плеерот (десно).