Анастасија Ражнатовиќ – Поради хејтерите станав јака и несуетна

Анастасија Ражнатовиќ – Поради хејтерите станав јака и несуетна

Анастасија Ражнатовиќ  со пола милион следачи на Инстаграм е една од најпознатите интернет ѕвезди во Србија.

А бидејќи е ќерка на пејачката Цеца, често е во центарот на вниманието, но и на удар на позитивни и негативни коментари.

Таа во едно неодамнешно интервју ја отвори душата и откри како популарноста влијаела на неа.

Таа вели дека со текот на времето станала имуна на негативните коментари кои ја пратат на социјалните мрежи, но исто така станала и несуетна личност.

Додека растев бев изложена на ставовите и коментарите на јавноста. Со самото тоа морав рано да зајакнам и на извесен начин станам имуна на злобата кои некои поединци се спремни да ја покажат кон некого кој ништо лошо не им помислил, а не пак направил. Тоа допринесе да се ослободам од суетата – изјави таа.