Анастасија Ражнатовиќ – Мојот брат допрва треба да ги менува девојките

Анастасија Ражнатовиќ – Мојот брат допрва треба да ги менува девојките
Вељко Ражнатовиќ од неодамна носи нова титула – најголем заводник на денешницата, барем судејќи по зборовите на српскиот ракометар Владо Мандиќ.

Во текот на еден настан, поранешниот спортист кој е сметан за голем заводник, му ја предаде лентата на синот на Цеца, а се чини дека оваа титула и годи на неговото семејство.

Неговата сестра Анастасија откри во една емисија дека нејзиниот брат е млад и дека треба да му годи оваа титула.

Убаво е тоа што Владо го изјавил за Вељко. Вељко е секако млад, убав, паметен и ја има заработено титулата на заводник. Сеуште не му стои да има сериозна врска. Дури сега треба да го живее младечкиот живот и да ги менува девојките – изјави таа.