Ана Николиќ со слатка порака му ја честита годишнината на бракот на својот сопруг

Ана Николиќ со слатка порака му ја честита годишнината на бракот на својот сопруг

И додека Ана Николиќ и Раста со нетрпение ја очекуваат приновата, денес ја прославуваат првата годишнина од бракот.

Па поради оваа причина познатата пејачка му го честита овој посебен ден на својот сопруг.

Ана и Раста се венчаа тајно пред година дена. На овој момент вчера се присети пејачката, па со фотографијата од венчавката која ја постираше, напиша и мала порака која му ја посвети на сопругот.

Година дена ни помина за миг, Како вчера да беше… А види не нас денес…. Ја очекуваме нашата мала госпоѓица крофна. Среќна годишнина. Те сака твојата А и фала за се –  напиша таа и ги разнежни сите фанови кои ја следат на Инстаграм.