Ана Николиќ и Раста повторно заедно?

Ана Николиќ и Раста повторно заедно?

Од кога Ана Николиќ и Раста објавија дека се разведуваат, почнаа да кружат гласини дека целата драма е всушност маркетиншки трик пред новиот албум на пејачката Ана Николиќ.

Гласините прекинаа кога парот официјално објави дека се разведува, но гласините повторно почнаа кога парот беше виден заедно.

Екипата на Папарацо Лов ги фати Ана и Раста како заедно излегуваат од автомобил. Иако немаше физички контакт, поранешниот пар изгледал расположено и покажа дека е во одлични односи иако се разведе пред неколку недели.

А откако оваа снимка беше објавена почна да се шпекулира дали овој развод е маркетиншки трик пред Ана да се врати на музичката сцена.