Амге влезе во политика

[04.02.2012 - 12:46 часот]

Најниската жена во светот Џуоти Амге која е висока неполни 80 сантиметри, и се придружи на индиската изборна кампања изразувајќи поддршка на десничарската страна.

Амге ужива во статусот на ѕвезда во Индија и нејзиниот глас ќе има големо влијание врз гласачите.

"Еден од проблемите кога сте славен е тоа што луѓето ви поставуваат многу иритирачки прашања каде и да се појавите. Да не бев најниското лице во светот, немаше да бидам позната", изјави Амге, пренесуваат странските агенции.
 
Амге влезе во Гинисовата книга на рекорди како најниска тинејџерка во светот. Таа сега има 18 години, а нејзината тежина вкупно изнесува пет и пол килограми и поради екстремниот облик на џуџестото нарушување нема повеќе да расте.

[назад]
Радио МОФ