Амбер Роуз со тетоважа на лице[30.01.2012 - 23:22 часот]
|
Со нејзината избричена глава и опасни облини кои често се "на мегдан" за оние во близина, Амбер Роуз е се само не незабележителна, а сега 28-годишниот модел и пејачка изгледа дека го истетовирала своето лице.
На забавата во Мајами, Флорида, чии што домаќини беа Амбер и нејзиното момче Виз Калифа, поранешната девојка на Кање Вест беше забележана со тетоважа околу нејзиното лево око која што беше речиси идентична со онаа на поранешниот боксерски шампион Мајк Тајсон.

Без разлика дали тетоважата е вистинска или не, раскошната блондинка самоуверено го покажа нејзиниот нов изглед на забавата, а не заборави и да ги изложи нејзините облини во тесен и жолт фустан, покриен со тексас јакна од избледен материјал.
И нормално, убавицата која што од неодамна е во врска со раперот Виз Калифа (24 години), не го испушти од вид нејзиното момче кое можеби е и "кривецот" за новата тетоважа, со оглед на тоа дека тој е познат по неговите нападни "цртежи" по целото тело.
Сепак, и Амбер има неколку постари тетоважи кои уште повеќе ја истакнуваат нејзината сензуална фигура, како на пример розата на нејзината рака, цвеќињата истетовирани на стомакот и отпечатоците од животински шепи распространети на нејзиното бедро.




| [назад] |















