Alpine Premiere Edition

Alpine Premiere Edition

Премиерата на моделот А110 на саемот во Женева оваа година го означи враќањето на подзаборавената француска компанија за спортски автомобили, Alpine.

Девет месеци подоцна, овој автомобил пристигнува на европскиот пазар во ограничена серија од 1,955 примероци под ознаката Premiere Edition.

Alpine A110 е првиот сериски модел на обновениот, легендарен спортски автомобилски бренд на компанијата Рено, кој што беше многу популарен пред речиси половина век. Овој спортски автомобил со централно поставен мотор ќе им се спротистави на пазарот на Porsche 718 Cayman и Alfa Romeo 4C.

Alpine A110 е поставен на алуминиумска механичка платформа, а и каросеријата на автомобилот е изработена од истите материјали. Благодарение на таквата конструкција, автомобилот има тежина од само 1,080 килограми.

Во комбинација со 1,8-литарскиот турбо бензинец кој што произведува 252 коњски сили и развива 320 Nm, Alpine A110 од 0 до 100 километри на час развива за 4,5 секунди, додека масксималната брзина на автомобилот е ограничена на 250 километри на час.

Ограничувањето на продажбата на 1,955 примероци е во знак на сеќавање на 1955-та година кога брендот Alpine беше основан. Потоа, во продажба ќе се најде „регуларниот“ А110 кој ќе се продава во голема серија. Почетната цена на овој автомобил ќе изнесува 58,500 евра.