Алкохолот го суши мозокот[17.02.2012 - 16:45 часот]
|
Мозокот на алкохолот реагира со намалување на нивото на допаминот поради што и сивата маса се смалува, а таа реакција е поблага кај луѓе со повеќе рецептори на допамин.
После пиење на алкохол некои делови од мозокот сериозно се смалуваат поради недостаток на рецептори за допамин, покажува студијата на американската национална лабораторија "Brookhaven".

Допаминот е невротрансмитер во мозокот, многу сличен на адреналинот, а има клучна улога во регулација на расположението.
Допаминските рецептори делуваат како одбранбен систем на мозокот, штитејќи го од отштетување од алкохолот преку стискање, преку што се смалува и волуменот на сивата маса, пренесува "Daily Mail".
Научниците, смалувањето на вкупниот волумен на мозокот и на одредени делови во тек на долготрајно алкохолизирање го докажале преку скенирање на мозокот, а смалувањето е значајно после шест месеци опивање.
"Хроничното алкохолизирање предизвикува сериозно пропаѓање на мозокот во повисоките делови на мозокот, како што е церебралниот кортекс, кој е задолжен за контрола и обработка на податоците", објаснил раководителот на студијата доктор Петар Танос.
Исто така тој нагласил дека ефектот не е еднаков кај сите животни на кои е направено тестирањето, па така ни кај луѓето.
Оние кои имаат природно повисоко ниво на D2 рецептори за допамин имаат значајно помало оштетување на мозокот, од оние кои имаат пониско ниво.
Недостатокот на D2 рецептори се зголемува со пиење на алкохол, а тоа објаснува зошто некои алкохоличари се во подобра ментална состојба а други не се.
| [назад] |















