Актерката Деби Рејнолдс почина еден ден после нејзината ќерка

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 29.12.2016 - 04:07

Легендарната актерка Деби Рејнолдс, која ќе остане запаметена по своите улоги во класиците "Singin’ in the Rain" и "The Unsinkable Molly Brown" почина во средата, само еден ден откако почина нејзината ќерка Кери Фишер. Таа имаше 84 години.

Рејнолдс била однесена во болницата во Лос Анџелес откако почнала да се жали поради проблеми со дишењето, по што најверојатно доживеала удар.

Нејзината смрт ќе остави празнина на уште една огромна Холивудска легенда, која беше огромна ѕвезда во 1950-тите и 60-тите години од минатиот век.

Нејзиниот живот беше обележан и со многу скандали во жолтиот печат, откако нејзиниот прв сопруг Еди Фишер и татко на Кери Фишер ја остави за нејзината добра пријателка Елизабет Тејлор.

Но, покрај тоа што беше голема легенда, таа исто така беше и голема хуманитарка која постојано работеше на зголемување на вниманието за менталното здравје. За својата напорна работа, таа беше наградена и со почесен Оскар за хуманитарни работи на овогодинешната церемонија.