Ако ја сакате својата коса, правете го ова еднаш месечно

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 31.03.2017 - 17:42

Ја миете својата коса? Дали исто може да се каже за вашата четка?

На четката се насобираат бактерии, посебно ако вашата коса ја четкате додека е мокра.

Фризерските стручњаци тврдат дека четката за коса треба да ја третирате како и четката за нанесување на шминка. Не е потребно секојдневно да ја миете, еднаш месечно е сосема доволно. Измијте ги со топла вода и сапун и добро исушете ги и на тој начин ќе се решите од бактериите и ќе ја направите кожата на главата поздрава.

Обратете и каков тип на четки за коса користите. Додека е мокра поминете ја со поредок чешал и на тој начин поштедете ја од кинење, за секојдневно чешлање користете стандардна четка за коса.