Ако ги прави овие 4 работи, не ве сака вистински!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 08.02.2017 - 21:35

Секој од нас барем еднаш во животот си го поставил прашањето: "Дали ме сака колку што јас го/ја сакам?"

Од друга страна, ретко кој се осмелил да го постави ова прашање на глас. Сепак, ако постојано ви се врти во главата, сигурно не сте задоволни. Внимавајте на овие 4 работи, бидејќи доколку постојано се повторуваат, тој/таа не ве сака вистински:

1. Не ги поддржува вашите соништа

Дури и кога се нереални, малку поддршка и позитивна енергија никогаш не е на одмет. А кога се реални и остварливи, би требало да прави се' што е во негова/нејзина моќ за да ви помогне да ги остварите. Кој би сакал постојано да слуша работи како "идејава ти е дебилна" или "никогаш нема да успееш"?

2. Не ги поднесува вашите пријатели

Внимавајте, ова често се поврзува со социопатските манипулации во кои тој/таа постепено ќе ве изолира од сите. И да не му/ѝ се допаѓаат вашите пријатели навистина, должен/на е барем да ги почитува.

3. Не се труди околу вашето семејство

Тука нема потреба од никакви дополнителни објаснувања. Не ви го почитува семејството? Кажете му/ѝ чао!

4. Не се бори за вас

Никогаш не се расправа со вас, но ни никогаш не се труди да ве изненади со по некоја ситница, а кога ќе посакате да се соочите, го/ја снемува под изговор дека не сака драми, и никогаш не се јавува прв/а. Љубовта е голема и во неа има се', а ако се однесува вака, тоа не е љубов туку навика и губење време.