Акаи бобинки за забрзан метаболизм и јак имунитетот

Акаи бобинки за забрзан метаболизм и јак имунитетот

Трендовите во светот на храната често се менуваат, здравите навики се сега во мода, а акаи бобинките веќе подолго време се една од најпопуларните идеи за појадок.

Станува збор за едноставно смути од акаи бобинки и различно овошје по ваш избор, а можете да им додадете и овес или јаткасти плодови. Иако изгледаат добро и имаат одличен вкус, акаи бобинките ќе го направат вашиот појадок да биде најздравиот оброк во светот.

Во продолжение прочитајте зошто:

Го забавуваат стареењето

Акаи бобинките содржат огромен број на антиоксиданси. Освен тоа, тие содржат и елагинска киселина која ги забавува најчестите процеси на стареење.

Го зајакнуваат имунолошкиот систем

Освен со антиоксиданси, акаи бобинките изобилуваат и со витамин Ц, кој помага во борбата против вирусите и настинките. Некои студии дури покажале дека акаи бобинките го спречуваат настанувањето на рак.

Ја поттикнуваат дигестијата

Акаи бобинките се богати со влакна кои помагаат во работата на дигестивниот тракт.

Даваат енергија

Смутито кое содржи овошје и акаи бобинки е совршен појадок, а витамините и антиоксидансите ќе ви ја дадат потребната енергија наутро. Ефектите се долготрајни, па затоа акаи бобинките ќе ви помогнат со борбата со уморот и во текот на целиот ден.

Имаат одличен вкус

Со појадокот кој содржи акаи ќе го добиете најдоброто од двете категории – здравје и одличен вкус.