Агресивен изглед и ново име

Агресивен изглед и ново име

Официјално Kia во Женева ќе го претстави новиот Ceed!

Со агресивен изглед полн со самодоверба инспириран од Stingerгресивен и ново име, третата генерација на Kia Ceed пристигнува во Женева. Педантните веќе забележаа – го нема апострофот во ознаката но затоа ќе има иновативни технолошки решенија, нови погонски агрегати и доста нагласен спортски стил. Покрај хечбекот со пет врати ќе биде претставен уште еден, засега мистериозен член од семејството кое досега вбројуваше уште и тривратна и караван верзија. Со сигурност се претпоставува дека тоа ќе биде нова купе-караван изведба, но ќе мора да почекаме за детали. Развиен и произведен во Европа, новиот Ceed на пазарот ќе се појави веќе во вториот квартал годинава.